Утрински Весник
Свет

(Видео) Десет лица убиени во пукање во супермаркет во Колорадо

(Видео) Десет лица убиени во пукање во супермаркет во Колорадо

Вооружен напаѓач уби десет лица, меѓу кои и еден полицаец, во пукање што се случи во супермаркет во градот Болдер во американската сојузна држава Колорадо. Напаѓачот е уапсен.

Инцидентот започнал вчера околу 14:30 часот по локално време кога осомничениот влегол во супермаркетот и започнал да пука.

Полицијата наскоро ги предупредила граѓаните да ја избегнуваат областа и да не објавуваат на социјалните мрежи „тактички информации“ што може да ја загрозат акцијата. Сепак, неколку минувачи објавиле видеа на кои се гледаат жртвите на пукањето.

Меѓу убиените е и 51-годишниот полицаец Ерик Тали, кој прв пристигнал на местото на пукањето.

Шефицата на локалната полиција, Марис Херолд, потврди дека осомничениот е уапсен и е во болница.

„Сакам да ги уверам граѓаните дека се безбедни“, истакна Херолд.

Таа не даде повеќе детали за пукањето, но рече дека истрагата е многу сложена и дека ќе бидат потребни најмалку пет дена да се заврши.

Имињата на жртвите сè уште не се објавени.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите