Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки на обвинението.
Поротата донесе одлука по три недели и сведочење на 45 сведоци, вклучително и случајни минувачи, полицајци и медицински експерти. Состанокот на поротата започна во понеделникот и траеше нешто повеќе од 10 часа.
Дванаесет поротници го прогласија поранешниот полицаец за виновен по три точки. Максималната казна за првата точка не може да надмине 40 години затвор, за втората не повеќе од 25 години, а максималната казна за третата точка од обвинението е 10 години и/или 20 илјади американски долари.
Пред зградата на судот се собрала толпа од неколку стотици луѓе кои со извици на одобрување ја дочекале веста за пресудата.
Обвинителството побарало укинување на кауцијата, а Човин со лисици на рацете беше изнесен од судницата.
Според судијата Питер Кејхил, пресудата би можела да биде донесена за осум недели.
Со изрекувањето на пресудата на Човин за смртта на Џорџ Флојд, обвинителите ќе започнат да го вртат вниманието кон постапката против тројцата други вклучени во апсењето.
Ту Тао, Џеј Александер Куенг и Томас Лејн, сите отпуштени од должноста и уапсени неколку дена откако Флојд почина лани во мај, на судењето на 23 август ќе се соочоат со обвиненија за помагање вубиството на Флојд.