Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Две торнада во Кина, во Вухан загинаа осум лица

(Видео) Две торнада во Кина, во Вухан загинаа осум лица
300x250 opst2

Во налет на две торнада во централниот кинески град Вухан и град во источната провинција Џјангсу загинаа 12 лица, повредени се стотици, а уништени се и домови и имот, објави денеска официјалната новинска агенција „Ксинхуа“.

Осум лица загинале во Вухан, во провинцијата Хубеј, а 280 се повредени откако торнадо го опустошило округот Кајдјан во петокот вечерта, соопшти агенцијата.

Торнадото срушило 27 куќи и оштетило уште 130, како и објекти во изградба, се додава во извештајот.

„Пораснав во Вухан и никогаш не сум видел вакво нешто“, објавил жител на градот преку кинеската апликација „Веибо“.

„Временските услови се екстремни во последно време“, додава тој.

https://www.youtube.com/watch?v=1ssMn0lRqU8

Уште едно торнадо го погоди градот Шенгзе, во областа Сужоу во провинцијата Џјангсу, каде торнадата се чести, при што загинаа четири лица, а 149 се повредени, пренесе „Ксинхуа“.

Пожарникарите соопштија дека бурата оштетила централи и срушила неколку фабрички згради, додава агенцијата.

Кина се соочува со екстремни временски услови како резултат на климатските промени, изјави во април метеорологот Џија Ксиалонг, додавајќи дека ризикот од катастрофални горештини и поплави се очекува да се зголеми во наредните години.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа