Утрински Весник
Свет

(Видео) Двајца полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти

Двајца полицајци загинаа во Бугарија при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјата.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил утрово во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.

Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуската постојка.

Двајца полицајци во автомобилот загинале на лице место. Повредени нема, а покрената е истрага за инцидентот.

Засега против возачот не е покренато обвинение, но окружниот обвинител Георги Чинев ги нарече постапките на возачот „свесен чин“.

Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа. Малкумина од нив сакаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ, пренесе Денес.рс.


Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина