Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Гутереш: Доста беше со уништување на природата, сами си копаме гробови

(Видео) Гутереш: Доста беше со уништување на природата, сами си копаме гробови
300x250 opst2

На климатскиот самит во Глазгов, што се одржува денес и утре, се разговара за климатската иднина на светот, а особено одекна изјавата на првиот човек на ОН, кој остро порача дека самите си ги копаме гробовите во насоката во која моментално оди светот.

На Светскиот состанок за спасување на климата (COP26), со кој претседава Обединетото Кралство, присуствуваат околу 120 лидери – меѓу другите се американскиот претседател Џо Бајден со илјада делегати, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Фумио Кишида.

„ Ние самите си ги копаме гробовите“ рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, познат како еден од најжестоките застапници за итно решение на проблемот со емисиите на стакленички гасови. Тој на конференцијата изјави дека „нашата зависност од фосилните горива го турка човештвото во пропаст“.

„ Или ќе го запреме овој процес или тој ќе не запре нас. Време е да кажеме – доста. Доволно се убиваме со јаглерод. Доволно ја третиравме природата како тоалет. Доволно горевме, дупчевме и се закопувавме подлабоко. Сами си копаме сопствени гробови“, рече Гутереш.

Тој додаде дека неодамнешните најави на земјите дека намалувањето на јаглеродот ќе ги сврти работите се всушност „илузија“ и дека државите треба да одржуваат состаноци и да ги ажурираат своите планови секоја година, а не на секои пет, како што е во моментов, пишува Би-Би-Си.

„Мораме да избереме амбиција и солидарност, да ја заштитиме нашата иднина и да го спасиме човештвото“, рече Гутереш.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната