Утрински Весник
Свет

(Видео) Грета Тунберг доби статуа на британски универзитет, студентите се побунија

(Видео) Грета Тунберг доби статуа на британски универзитет, студентите се побунија
Dik 300x250 mk

Грета Тунберг доби статуа на британски универзитет, а студентите и синдикатот се побунија оти сметаат дека парите можеле подобро да се искористат во услови на пандемија.

Бронзената статуа, наречена „Направи разлика“, излеана во вистинска големина, е изработена од уметничката Кристин Чарлсворт и е откриена на Универзитетот во Винчестер. Ректорот вели дека универзитетот е горд што ѝ оддава почит на 18-годишната активистка за заштита на животната средина.

Студентскиот сојуз тврди дека 24.000 фунти дадени за статуата можело да се потрошат за да им се помогне на студентите.

„Ние сме во година на Ковид-19, многу студенти немаат пристап до кампусот, многумина се обидуваат да ги следат своите студии преку Интернет и навистина им е потребна поддршка“, изјави Меган Бол, претседателка на Студентскиот сојуз за Би-Би-Си.

Синдикатот на вработените во универзитетот ја осуди бескорисноста на ваквиот проект бидејќи смета дека парите можеле да бидат потрошени за зачувување на работните места и да се избегнат отпуштања.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа