Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Градоначалникот на Сицилија штрајкува со глад против ковид-мерките

(Видео) Градоначалникот на Сицилија штрајкува со глад против ковид-мерките
300x250 opst2

Градоначалникот на Месина, град на Сицилија, Катено фе Лула, денеска започна штрајк со глад, против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

За викендот тој поставил шатор во пристаништето во градот и оттогаш е во него. Неговата намера е симболично да го блокира преминот на Месина, кој се наоѓа меѓу Сицилија и италијанското копно.

Де Лука, водач на регионалното движење „Сицилија вера“, протестира против правилото дека само вакцинирани луѓе и оние кои ја преживеале короната можат да дојдат на островот и да го напуштат островот, било со брод или со авион.

Овој политичар тврди дека државата ја окупирала Сицилија.

Тој вчера поднесе оставка од функцијата градоначалник, а таа стапува на сила во февруари. Затоа утрово отиде чекор понатаму и на Фејсбук објави дека започнува штрајк со глад.

Владата во Рим од 10 јануари применува построги правила со цел да го намали ширењето на вирусот и да се обиде да ги принуди оние кои не сакаат да се вакцинираат да го сторат тоа.

Правилото за вакцинација сега важи за хотели, конгресни центри, ресторани, скијачки центри и локалниот и друг сообраќај, како што се траектите.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас