Утрински Весник
Свет

(Видео) Големи пожари во Сибир, има и починати

Голем број шумски пожари го зафатија источен Сибир, оставајќи зад себе стотици изгорени куќи и десетици починати, соопштија локалните власти.

Повеќе од 450 куќи се уништени во околината на Краснојарск, а најмалку пет лица ги загубија животите, соопштија локалните власти.

Според нив најмалку 17 лица се повредени, од кои десет се примени во болница. Во таа област е прогласена вонредна состојба.

https://www.youtube.com/watch?v=hOEMWo0Lx0I

Гувернерот на таа област според извештаите во медиумите попладнето излегол со соопштение во кое изјавил дека пожарите ги предизвикал ветерот кој на места дувал со брзина и до 40 метри во секунда.

Ветерот уништил дрва и електрични столбови, предизвикувајќи пожари на неколку места во исто време во Краснојарската област.

Можете да прочитате

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран

Карни: Референдумот за оцепување на Алберта „опасен блеф“ сличен на Брегзит