Утрински Весник
Свет

(Видео) Говорот на Путин прекинат од телефонот на Меркел

(Видео) Говорот на Путин прекинат од телефонот на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел е во посета на Москва, каде што се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Главната тема на разговор меѓу канцеларката во заминување и рускиот претседател е ситуацијата во Авганистан, но секако има бројни други теми од големо значење за двете земји, но на кои Русија и Германија имаат различни гледишта, меѓу кои и ситуацијата со опозиционерот Навални.

„И покрај сите разлики меѓу нас, сепак треба да разговараме“, рече германската канцеларка на почетокот на средбата.

Меѓутоа, она што привлече најголемо внимание кај медиумите беше ситуацијата кога телефонот на Меркел заѕвони среде говорот на Путин, по што и тој накратко застана и ја коментираше ситуацијата.

Пред почетокот на разговорот со германската канцеларка, Путин изрази уверување дека нејзината посета на Москва не е само за збогум, туку е и значајна од политички аспект.

„Одржуваме постојан контакт по телефон, но има многу прашања за кои треба да се разговара лице в лице. Сигурен сум дека ова нема да биде само ваша проштална посета откако одлучивте да не се кандидирате за нов мандат, туку и посета исполнета со сериозни деловни содржини“, рече Путин пред гостинката.

Можете да прочитате

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута