Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците

(Видео) Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците

На минатите парламентарни избори ветивме посветена работа да создадеме услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и Формирање на интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство, изјави Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Тој нагласи дека пандемијата нанела сериозни последици на глобално ниво, а СДСМ ги презема сите активности за ублажување на последиците врз домашното стопанство.

„ Почнувајќи од 2022 година постоењето на овој фонд ќе биде реалност, а буџетот за оваа намена ќе биде 250 милиони денари. Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите кои во рекордни суми се исплаќаат последните две години, навремено и во целост. Буџетот на интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.

Грижата за земјоделците се покажува и докажува. Со развојни политики, со реформи, со отворен дијалог. Тоа се стандардите по кои работи Владата и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“ порача Георгиевски.

Можете да прочитате

Паушални информации за пчеларење на социјалните мрежи, фалсификуваниот мед се уште актуелен проблем

Средба на Ангеловска-Бежоска со заменик генералниот директор на ММФ, Ли: Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард