Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевски: Владата на СДСМ обезбеди 250 милиони нова финансиска помош за земјоделците

(Видео) Георгиевски: Владата на СДСМ обезбеди 250 милиони нова финансиска помош за земјоделците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија стои на дадениот збор. Даденото ветување дека Владата ќе воспостави Интервентен фонд во земјоделството е остварено, истакна денеска Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Го слушаме гласот на граѓаните, а политиките кои ги спроведуваме се одговор на тоа што е потребно. Во услови на криза, обезбедивме средства во износ од 250.000.000 денари, кои се наменети за земјоделците кои се соочуваат со потешкотии во производството. Дел од овие средства, односно 120.000.000 денари претставуваат директна поддршка за набавено вештачко ѓубре за производителите на пченица и јачмен, односно 2500 денари по хектар. Дополнително, преку интервентниот фонд, ќе се реализира директна поддршка и на одгледувачите на овци, каде поддршката изнесува 400 денари по грло предадено јагне во кланичен капацитет за периодот од јануари до мај 2022 година“, посочи тој.

Појасни дека за одгледувачите на свињи, интервентната мерка изнесува 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, кои се одгледани и предадени во кланичен капацитет за периодот од февруари до април 2022 година.

Додаде дека во услови на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина, Владата предводена од премиерот Ковачевски, е силно насочена кон одржувањето на стабилниот курс на домашното стопанство. Оценува дека институциите се мобилизирани и будно ја следат состојбата и активно работат на надминување на сите предизвици. Според него, интервентниот фонд е уште еден механизам за ублажување на предизвици во земјоделското производство, кој во наредниот период ќе се проширува и дополнува со нови мерки.

Можете да прочитате

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

Инвертер клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика издвојува 170 милиони денари за борба против енергетската сиромаштија