Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ од авион: Летам за Париз за да се борам за нашата Србија

(Видео) Вучиќ од авион: Летам за Париз за да се борам за нашата Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагираше на синоќешните демонстрации во Белград и Нови Сад.

Вучиќ се обрати од авионот во кој одлета за Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Драги граѓани, ви ветив дека ќе можеме да ги заштитиме мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулигански насилни напади од кои сите сме шокирани“, рече Вучиќ.

Тој во видеопораката изјави дека е шокиран затоа што во Нови Сад во 1941 година, кога фашистичките единици извршиле напад, не ја оштетиле фасадата на Градското собрание, како што некои луѓе го направија тоа во синоќешните демонстрации.

View this post on Instagram

Poruka predsednika Vučića građanima Srbije.

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) on

„Само ги замолувам сите наши луѓе во Белград, Нови Сад и сите други градови да не се спротивставуваат на насилниците, тоа ќе го сториме ние како држава“, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека Србија ќе го зачува мирот и дека предавањето никогаш не било опција.

„Сега летам за Париз, за ​​да се борам за нашата Србија. Се гледаме наскоро, Србија победува“, рече тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре