Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Штип пресечен меѓународен транспорт на дрога, приведени двајца Косовци и еден кумановец

(Видео) Во Штип пресечен меѓународен транспорт на дрога, приведени двајца Косовци и еден кумановец

Полициски службеници, по претходна меѓународна меѓуинституционална размена на информации, а во соработка со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (30 април), пресекоа меѓународен транспорт на марихуана во количина од речиси 150 килограми од Косово преку територијата на Северна Македонија со крајна дестинација Турција.

Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 30.3.2022 на паркинг пред угостителски објект во Штип е забележано паркирано возило „ауди А6“, со кумановски регистарски ознаки, а до возилото биле пријавените И. Д. (50), К. К. (39), двајцата од Подујево, Косово, и Б. Р. (34) од Куманово.

И. Д. и К. К. се обиделе да избегаат, но биле фатени и сите тројца се лишени од слобода, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска.

При извршен преглед на возилото биле пронајдени вкупно 92 полиетиленски пакувања со марихуана, некои спакувани во патни торби, а други во багажниот простор во делот за резервната гума и на задните седишта, а кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ-картички од мобилни оператори од Косово и РС Македонија и пари, кои се предадени на вештачење.

Денеска (31.3.2022), од страна на СВР Штип до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 4 лица (3 косовски и 1 наш државјанин), од кои тројца се веќе приведени, а за едно лице, кое со товарно возило требало да ја преземе дрогата од Штип и да ја пренесе до Турција, се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Можете да прочитате

СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА: Ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија!

Големите комплекси на една мала политика

Димитровски од МАСИТ: Дигитализацијата е инвестиција, не ја гледајте како трошок