Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти Министерството за одбрана.

На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.

Некои локални медиуми објавија дека пилотот загинал, но тие исто така изјавија дека се чека официјална потврда на тие информации.

Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал ИнфоЛо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа