Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во полициска акција во Куманово и Скопје разбиена терористичка ќелија под влијание на ИСИС

(Видео) Во полициска акција во Куманово и Скопје разбиена терористичка ќелија под влијание на ИСИС

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за истрага против три лица осомничени дека сториле кривично дело – „терористичка организација“ и „тероризам“.

Осомничените лица се на возраст од 22 до 28 години, претходно издржале казна затвор поради учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Првоосомничениот во текот на минатата година создал терористичка организација со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, на која подоцна се приклучиле други лица меѓу кои и двајцата осомничени. Обезбедувајќи финансиски средства организаторот купувал оружје, муниција и воена опрема, а припадниците биле во улога на логистичка поддршка.

Како резултат на добиени оперативни сознанија, по неколку месечна меѓусебна соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал со подршка на Одделот за специјални полициски операции при МВР, во текот на вчерашниот ден спроведоа полициска акција на четири локации во Куманово и Скопје.

При извршените претреси во дом и други простории кај осомничените е запленето поголемо количество на оружје, а тројцата осомничени се уаспесни.

Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување на притвор за трите осомничени лица.

Обвинителството издаде наредби за вештачење на пронајдените предмети, а се преземаат и други дејствија во насока на расветлување на случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија