Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Кина се урна шесткатница, не е познато колку луѓе се затрупани под зградата

Не е познато колку луѓе се затрупани под шесткатница која делумно се урна денеска во централна Кина.

Државните медиуми објавија дека повеќе од 130 спасувачи ги расчистуваат урнатините на зградата во градот Чангша во провинцијата Хунан.

Според извештаите, во зградата имало ресторан, продавници и мал хотел.

Во такви згради во Кина становите се на повисоки катови.

Снимките од зградата покажуваат дека нејзиниот преден дел е претежно недопрен, додека задниот дел од зградата се чини дека е урнат.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја