Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во акција на македонската и бугарската полиција откриена лабораторија за синтетички дроги

(Видео) Во акција на македонската и бугарската полиција откриена лабораторија за синтетички дроги

По повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, во заедничка акција на македонската и бугарската полиција и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), вчера во Софија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги.

Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.

Како што информираат од МВР, кај лицата биле пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори.

Истовремено, на македонска територија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашеста материја и други хемиски супстанци во прашеста и течна состојба.

Можете да прочитате

Арсовска вели дека Ганиу ја тужи откако го нарекла „криминалец“, таа бара одговор за легализациите

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната 

Пиштоли и муниција најдени кај жител на Желино