Утрински Весник
Свет

(Видео) Вооеужен маж уби четири лица на неколку локации во Денвер

Вооружен маж уби четири лица и рани тројца при пукање во американскиот град Денвер.

Нападот се случил на повеќе локации во градот, а завршил откако полицијата го убила осомничениот.

Инцидентот започнал околу 17 часот по локално време, кога засега неидентификуван напаѓач застрелал две жени и ранил маж во центарот на градот, изјави шефот на локалната полиција Пол Пазен.

Осомничениот потоа со автомобил побегнал од местото на настанот и го продолжил крвавиот марш до квартот Чисман Парк во источниот дел на градот, каде што убил маж. Пукал и во западниот дел на градот, но за среќа никој не бил погоден.

Тој во два наврати разменувал оган со полицијата.

Напаѓачот потоа се возел во соседниот град Лејквуд, каде ја убил четвртата жртва, изјави портпаролот на полицијата во Лејквуд, Џон Ромеро.

Следел вооружен судир со полицијата, а осомничениот побарал засолниште во блискиот хотел. Таму ранил еден полицаец, пред полицајците да го убијат.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна