Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Воена парада во Кабул – талибанците претставија американско оружје и руски хеликоптери

(Видео) Воена парада во Кабул – талибанците претставија американско оружје и руски хеликоптери
300x250 opst2

Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул користејќи заробени оклопни возила од американско производство и руски хеликоптери.

Како што пренесува „Ројтерс“, на тој начин тие ја покажале трансформацијата од бунтовнички сили во редовна армија.

Талибанците дејствуваа како бунтовнички борци две децении, но користеа голема залиха оружје и опрема што остана по падот на владата, која беше поддржана од Западот.

Парадата е организирана по завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Енајатулах Хваразми.

Во парадата учествуваа десетици американски оклопни возила М117, кои се движеа по главниот пат кон Кабул и хеликоптери МИ-17 кои патролираат над нив. Многу војници носеа пушки М4 од американско производство.

Повеќето од оружјето и опремата што сега ги користат талибанските сили се оние што Вашингтон и ги достави на владата во Кабул во обид да изгради авганистански национални сили способни да се борат против нив.

Талибанските власти соопштија дека пилоти, механичари и други експерти од поранешната авганистанска национална армија ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека што вообичаено ја носат нивните борци.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови