Утрински Весник
Свет

(Видео) Водени топови, хеликоптери-нови протести против корона-мерките во Љубљана

(Видео) Водени топови, хеликоптери-нови протести против корона-мерките во Љубљана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неколку илјади демонстранти се собраа денеска во центарот на Љубљана во серијата антивладини протести поттикнати од незадоволството од корона-мерките.

Протестот, како што пренесуват медиумите, започнал околу 15 часот, а демонстрантите марширале низ улиците на Љубљана извикувајќи „крадци, крадци“.

Сообраќајот беше блокиран, а полицијата постави блокади, а градот беше опколен со хеликоптери, пренесуваат тамошните медиуми.

Полицијата успеа тивко да ги отстрани луѓето од главниот пат и сега повторно се движи кон центарот на градот. Протестот официјално заврши, но голем број граѓани се уште се на улица, како и многу полицајци. Деновиве во Љубљана има дури две делегации од Европскиот парламент, па полицијата им посветува посебно внимание на хотелите каде што тие се сместени.

Минатата недела, демонстрантите се обидоа да влезат во близина на хотелот Интернационал, каде што беше дел од делегацијата што дојде на самитот на ЕУ, но полицијата ги спречи во намерата.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична