Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара рачно пребројување на гласовите

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара рачно пребројување на гласовите

На овие избори има огромен број на неважечки ливчиња, над 30 илјади кои се несвојствени за избори со ваква излезност, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој кажа дека функционери и експоненти блиски до СДСМ јавно воделе кампања да се прешкртуваат ливчиња и лажно тоа го преставувале дека е повик на ВМРО-ДПМНЕ.

„Голем дел од тие ливчиња се гласови за ВМРО-ДПМНЕ кои сега се сметаат за неважечки. Што значи се поништува нивната волја“, кажа Арсовски.

Затоа, додаде тој, ние ќе побараме како политичка партија рачно пребројување на гласачките ливчиња.

„Потребно е во овие моменти да се заштити волјата на граѓаните. Да се штити демократијата во Република Македонија. Институциите им го должат ова на граѓаните и затоа мора да го реализираат“, изјави Арсовски.

Дополнително, додаде тој, во јавноста предизвика забуна што на официјалниот веб сајт на ДИК стоеја податоци кои не кореспондираа со записниците направени од избирачките одбори, но и во однос на нашата евиденција која што ја имаме.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади

(Видео) Полицаец пука заедно со женско лице од неговиот пиштол во Радовиш