Утрински Весник
Свет

(Видео) Властите се сомневаат дека пожарот во катедралата во Нант бил подметнат

(Видео) Властите се сомневаат дека пожарот во катедралата во Нант бил подметнат

Пожар што избувна рано утринава во катедралата од 15 век во Нант на западниот дел на Франција, зад себе остави урнати витражи и уништени оргули, а официјалните лица се сомневаат дека пожарот бил подметнат.

Обвинителот Пјер Сене изјави дека избувнале три пожари во катедралата Сен Пјер и Сен Пол и се третираат како кривично дело, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека штетата не е толку голема како што се чинеше на почетокот.

Во моментов, пожарот е ставен под контрола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот