Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вицепремиерот Николовски најави проверка на потеклото на имот на функционерите

(Видео) Вицепремиерот Николовски најави проверка на потеклото на имот на функционерите
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Вицепремиерот Љупчо Николовски најави системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите.Во однос на тоа како ќе се проверува потеклото на имот, Николовски вели дека тоа ќе биде процес кој ќе потрае.

Pet Utrinski

„Тоа се системски работи којшто се дојдени на ред во оваа држава да ги одработиме во интерес на граѓаните“, рече Николовски кој ја извршува функцијата вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

Screenshot

Тој најави и редефинирање на Кодексот за етичко однесување на функционерите во Владата.

„Тој ќе стане поприменлив во согласност со компаративните искуства во светот. Ќе важи максимата, нулта толеранција за корупција“, рече Николовски.

Според него, неговата координативна улога која досега ја немаше треба да даде видливи резултати во борбата против корупција

„Не сакам да брзаме, па да направиме грешки, полека, никоја земја не ги остварила овие цели толку бргу“, рече Николовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија