Британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд симболично се заклучи во огромен кафез за птици пред судот „Олд Бејли“ во Лондон во знак на поддршка на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој се бори против екстрадицијата во САД.
„Јас сум Џулијан Асанж. Јас сум канаринец во кафез“, рече Вествуд за време на протестот во Лондон, облечена од глава до пети во жолто.
Vivienne Westwood: “I am Julian #Assange, I am the cannary in the coal mine… but I’m half poisoned already because of government corruption and gaming of the legal system”.#FreeAssange #FreeAssangeNOW pic.twitter.com/8PftRTkMWU
— Don’t Extradite Assange (@DEAcampaign) July 21, 2020
Таа од кафезот висок околу три метри побара Асанж, кој е во притвор во Велика Британија, да биде ослободен, пренесува „Ројтерс“.
Расправата за екстрадицијата на Асанж во САД е закажана за 7 септември.
Vivienne Westwood outside of the Old Bailey Crown Court says Julian #Assange is a Freedom Fighter.#FreeAssangeNOW pic.twitter.com/nFs8MmY876
— Don’t Extradite Assange (@DEAcampaign) July 21, 2020
Министерството за правда на САД издаде обвинение против Асанж, кој е обвинет за 18 кривични дела, меѓу кои и за заговор за хакирање на веб-страниците на државните институции и шпионажа.
Минатата година, САД го започнаа процесот на екстрадиција на основачот на „Викиликс“, инаку австралиски државјанин, кој беше префрлен во затворот во Лондон, откако помина скоро седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Минатата недела беше распишано ново обвинение против Асанж, во кое тој не е обвинет за нови кривични дела, но во кое е проширена „целта на заговор“ и во кое сега се вклучени обвиненија за регрутирање хакери.