Утрински Весник
Свет

(Видео) Брачна двојка впери оружје кон толпа која демонстрираше против расизмот во САД

(Видео) Брачна двојка впери оружје кон толпа која демонстрираше против расизмот во САД

 

Снимка од двајца Американци кои во неделата навечер со оружје ги пречекаа демонстрантите од движењето „Црните животи вредат“ (Black Lives Matter), откако толпата мина пред нивниот дом во Сент Луис, Мисури, стана вирална на социјалните мрежи.

Мажот, Марк Мек Класки, во рацете носеше полуавтоматска пушка АР-15, а сопругата Патриција Мек Класки носеше пиштол. И двајцата се белци, додека повеќето демонстранти, како што може да се види на снимката, биле Афроамериканци.

Видеото на „Твитер“ меѓу другите го сподели и американскиот претседател Доналд Трамп.

https://www.youtube.com/watch?v=WeThHpLwBaE&feature=emb_title

Демонстрантите биле дел од движењето кое со недели протестира против полициското расно мотивирано насилство, што ескалираше по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

Толпата од неколку стотици демонстранти марширала низ населбата Портланд Плејс кон куќата на градоначалничката Лајд Кревсон, за да протестираат поради нејзиниот потег кој ги налути: јавното читање на имињата и адресите на луѓето кои ја поддржуваат контроверзната кампања за укинување на средствата наменети за полицијата (Defund the Police), која некои критичари ја толкуваат како повик за укинување на органите на редот.

Демонстрантите марширале по улици на таканаречена оградена заедница, во какви што обично живеат семејствата од високата класа во САД. Со нив низ населбата влегол и локалниот новинар Даниел Шулар, кој го снимил виралното видео, а толпата се решила на ваков потег со цел да го скрати патот и да ги заобиколи пречките и барикадите поставени на патот до куќата на градоначалничката.

Текстот (Видео) Брачна двојка впери оружје кон толпа која демонстрираше против расизмот во САД е превземен од МАКФАКС.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади