Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Бејби шарк“ најгледано видео на Јутјуб на сите времиња

(Видео) „Бејби шарк“ најгледано видео на Јутјуб на сите времиња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Бејби шарк“, привлечна детска песна снимена од јужнокорејската компанија Пинкфонг, стана најгледаното видео досега на Јутјуб.

Таа не е музичко ремек-дело, но е премногу заразна и затоа го освои светот. Видеото било прегледано над седум милијарди пати.

Со 7.04 милијарди прегледи на Јутјуб,  бебето ајкула го надмина досегашниот рекордер „Деспасито“ на латино поп пејачот Луис Фонси, објави Би-би-си.

Репродуцирано наназад, тоа би значело дека бебето ајкула непрекинато се емитува веќе 30.187 години.

„Пинкфонг“ заработил околу 5,2 милиони долари само од Јутјуб стриминзи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!