Утрински Весник
Економија

(Видео) Бесими: Во Ковид кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки

(Видео) Бесими: Во Ковид кризата реагиравме со брзи и интерветнтни мерки
Ss2

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, присуствуваа на работна средба во Стопанската комора на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на комората, усогласување на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.

Вицепремиерот Битиќи истакна владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека тие се еден од клучните чинители, не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис заедницата, туку како иницијатори и партнери во креирање на политики.

Министерот за финансии Бесими, посочи дека главен предизвик на владата и министерството, во Ковид кризата е да се реагира со брзи и интервентни мерки, за да се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање на мерки за ревитализација на економијата, а во исто време и создавање на долгорочни системски мерки, за поинтензивен и одржлив економски раст.

Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со владата е на многу високо ниво, преку одржаниот голем број на работни средби, приТОА во рамки на платформата за јавно приватен дијалог се отворЕНИ многу стратешки теми кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром