Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Безос полета до вселената и се врати на Земјата

(Видео) Безос полета до вселената и се врати на Земјата
Img 7972

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, леташе попладнево до работ на вселената од пустина во Западен Тексас заедно со тројца членови на екипажот во ракетниот брод, што се смета за уште една пресвртница во ерата на приватните патувања во вселената.

По летот кој траеше вкупно десет минути и 20 секунди, леталото безбедно слета на Земјата, пренесуваат агенциите.

Безос, 57-годишен милијардер, полета до вселената девет дена по летот на британецот Ричард Брансон. Двајцата богати луѓе се жестоки ривали во индустријата за развој на вселенскиот туризам.

Прв полета Брансон, но Безос полета на поголема надморска височина, на 100 километри од Земјата, анализираат медиумите.

На ова историско патување заминаа и неговиот брат Марк Безос, 82-годишната Воли Фанк и 18-годишен студент. Безос полета во вселената околу 15 часот по средноевропско време. Летот траеше десетина минути.

По успешното слетување е отворен шампањ. На местото на слетување присуствувале и семејствата на членовите на екипажот.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин