Во неделата попладне избувна пожар во стан во Нант, Франција, а на вознемирувачкото видео се гледа како локалното население се обидува да спаси семејство, додека некој фрла бебе низ прозорецот.
Видеото објавено на „Фејсбук“ покажува дека локалното население се обидува да се искачи до станот за да ги извлече детето и неговите родители додека нивниот стан е зафатен од оган и густ црн чад.
Во еден момент може да се види како некој фрла шестмесечно бебе низ прозорецот на третиот кат.
За среќа, бебето паднало на душекот што некој претходно го имал ставено под прозорецот. Француските медиуми пишуваат дека бебето го преживеало падот, дека е во болница и не е во животна опасност.
„Многу храбри локални жители го видоа пожарот и започнаа да се искачуваат на зградата за да ги спасат родителите и бебето. Мајката и таткото полека беа спуштени надолу во зградата, но во меѓувреме, некој едноставно го фрли бебето низ прозорецот“, рече изворот.
Родителите исто така ја поминале ноќта во болница, но беа полесно повредени.
„Луѓето беа спасени благодарение на храброста и херојството на присутните млади луѓе кои направија човечки синџир додека се искачуваа на третиот кат во зградата за да ги спасат луѓето од оганот“, рече градоначалничката на Нант, пишува „Мирор“.