Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата на коронавирус.

„Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден на почетокот.

„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече тој, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000. случаи дневно.

„Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја чини само 4% од светската популација“, кажа тој.

Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“, рече тој.

Новиот американски претседател додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу сојузните држави и сите патници кои пристигнуваат во САД од други земји ќе треба да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.

Тој предупреди дека до следниот месец, бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе надмине половина милион.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата мисија“ на НАТО за помош на Украина

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир

Инфлација во Аргентина достигна околу 290 отсто