Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Бајден официјално демократски кандидат на претседателските избори во САД: Тоа е најголемата чест во мојот живот

(Видео) Бајден официјално демократски кандидат на претседателските избори во САД: Тоа е најголемата чест во мојот живот
Img 7972

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден (77), официјално беше номиниран за претседателски кандидат на вториот ден од Националната конвенција на Демократската партија.

На претседателските избори на 3 ноември, Бајден ќе му се спротистави на досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Поради пандемијата на коронавирус, конвенцијата се одржуваше виртуелно, а беа прикажани и снимки од секоја од американските држави.

По номинацијата, Бајден испрати порака преку „Твитер“ дека номинацијата е „најголемата чест во неговиот живот“, а главната говорничка на вториот ден од конвенцијата беше неговата сопруга Џил, јавуваат агенциите.

Во многу лично обраќање, таа раскажа како му помогнала на Бајден да ги лекува раните, откако неговата прва сопруга и ќерка починале во сообраќајна несреќа.

„Ако му ја довериме нацијата на Џо, тој ќе го направи за вашето семејство она што го направи и за нашево – го собра заедно и го направи цело“, рече Џил Бајден.

На делегатите им се обратија и поранешните претседатели Бил Клинтон и Џими Картер.

„Во моменти како овие, Овалната канцеларија треба да биде команден центар. Наместо тоа, тој сега е центарот на невремето. Таму има само хаос, а единствената работа што не се менува е решеноста на претседателот да негира одговорност и да ја префрли вината на некој друг“, истакна Клинтон во своето претходно снимено обраќање до делегатите.

Во среда, третиот ден од конвенцијата, главни говорници ќе бидат кандидатот на Бајден за потпретседател, Камала Харис и поранешниот претседател Барак Обама.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк