Утрински Весник
Македонија

(Видео) Артан Груби со црево го миеше влезот пред џамиите во Старата скопска чаршија

(Видео) Артан Груби со црево го миеше влезот пред џамиите во Старата скопска чаршија

Вицепремиеро Артан Груби синоќа учествуваше во чистењето на исламските објекти во Старата скопска чаршија. Тој го зема цревото од еден од вработените во Комунална хигиена и го миеше влезот пред џамиите.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје. Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.

Можете да прочитате

Пациенти со ретки болести без терапија: „Нарачано не значи стигнато“, вели Алексовска

Обвинителката Бојчевиќ го отфрли признанието: Стојанче се обидува да избегне одговорност

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва