Обзнанувањето на Филип Темелковски за кандидат на СДСМ во Кисела Вода е уште една потврда дека СДСМ како партија ја има отпишано општината и поразот на СДСМ таму е неминовен, истакна на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Филип Темелковски во Кисела Вода е завршена приказна. Сега само го трча последниот круг од маратонот, а јасно е дека ќе биде поразен и тоа со огромна. Неговиот мандат завршува во октомври. Кандидирањето на Филип Темелковски за Кисела Вода од страна на СДСМ е само доказ дека во СДСМ немаат никаква намера да горат нов кадар, туку го ставаат повторно Темелковски, за кој што знаеме дека не направи ништо и кој што нема никаква доверба од граѓаните за кој што и птиците низ Расадник знаат дека ќе ги изгуби изборите и тоа со огромна разлика. Човек кој што е пример за неработник и човек кој што аминувал криминогено работење во општината, не може и не смее да се надева на нов мандат. Може да се надева единствено на правна помош доколку се докаже дека работел криминогено“, рече Арсовски.
„Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште нема вода за пиење во Каменик кое што е на само неколку километри од центарот на градот. Темелковски успеа да ја направи Кисела Вода општина во која во 21 век се уште немаат канализација и се уште користат септички јами граѓаните во населба Пинтија“, додаде Арсовски.
Во овие моменти на граѓаните на Кисела Вода им е јасно дека СДСМ си поигрува со нивната интелигенција и јасно им е дека Темелковски не е повеќе опција за градоначалник на Кисела Вода, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.