Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Струмица стана како дивиот запад, а МВР молчи за инцидентите

(Видео) Арсовски: Заев направил кривично дело јавувајќи им на партиски војници да пропуштаат луѓе на граница

МВР и Оливер Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Вчера се случи брутална тепачка во центарот на Струмица, која беше документирана со видео запис и од онашто можеше да го види јавноста е згрозувачко. Струмица од мирен град, стана див запад, небезбеден град, каде што ордите кои се чувствуваат блиски до Заеви можат да нападнат или пак да се степаат кого сакаат. Имено, МВР веќе 24 часа молчи и не излегува со детали, а целата јавност веќе ги знае деталите и ги пишува“, изјави Арсовски.

Како што рече, тепачката се случила само стотина метри од полициската станица, во центарот на градот, а наликувала на обид за убиство. На видеото се гледа дека и деца сведочат на истата тепачка, вели Арсовски.

Половина час претходно имало друга ситуација пришто дошло до напад со разни предмети и ладно оружје кон граѓани кои јавно се јавија на социјалните мрежи. Повторно и во таа ситуација, полицијата на Оливер Спасовски ја немало никаде да ги заштити граѓаните, обвини Арсовски.

„Она што ја интересира јавноста е следното. Според пишувањата на медиумите, едно од вмешаните лица било обезбедувањето на Зоран Заев, а МВР сеуште молчи и нема одговор дали е или не е вмешано истото лице за кое се пишуваше? Дали обезбедувањето на Заев ја искористило силата и влијанието да учествува во брутални тепачки кон граѓани? Зошто СДСМ и МВР молчат дали е вмешан или не е вмешан во оваа брутална тепачка обезбедувањето на Заев и дали можеби се обидуваат да сокријат и заштитат некого?“, праша Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност