Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Сите држави преземаат мерки против енергетската криза, нашата ќе крахира

(Видео) Арсовски: Сите држави преземаат мерки против енергетската криза, нашата ќе крахира

Енергетската криза која ќе ја донесе државата до инфлација и граѓаните ќе ги осиромаши, лично за нејзе се виновни единствено СДСМ и оваа Влада, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Сведоци сме на бизнис интереси во ЕЛЕМ на фамилијата Заеви и Васко Ковачевски и тоа се провлекува наназад 3-4 години, денес ние сме сведоци на криминал, корупција, пресушени езера и сето тоа, заради елементарни непознавања во работата и функционирањето на крајно криминален начин во овие области“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол предупреди дека енергетската криза како домино ефект ќе повлече поскапување на намирниците, поскапување на цените за живот, поскапување на основните работи кои се потребни на граѓаните да преживеат.

„Сите држави и околу нас, но и пошироко веќе донесоа мерки за граѓаните да не ја почувствуваат кризата, само кај нас најважно беше да се каже дека граѓаните ќе ја платат поскапата струја и товарот ќе падне на граѓаните и стопанството.

Бараме Владата да им даде на граѓаните и компаниите помош, но и второ бараме да им се помогне на општините во новите договори, откако ги раскинаа старите договори за електрична енергија, бидејќи сега во новите им е побарано да плаќаат двојно поскапа струја. И за ова се виновни СДСМ. Еве имаат можност во Собранието, се прави буџетот, имаат можност сето ова да го внесат таму, но нормално нема волја заради криминалот кој што го прават. Ова мора да се реши, бидејќи државата ќе крахира“, посочи Арсовски.

Тој истакна дека потребно е брзо делување и експертски и професионален пристап, наместо, како што рече, криминал и корупција како до сега.

Можете да прочитате

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски

ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11

Голем пожар синоќа во Велес, гореше фабриката „Мирана“, пожарот го гаснеле шест часа