Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Секогаш кога СДСМ е на власт гори документација која што укажува на криминал

(Видео) Арсовски: Преку парите од струјата се богатат фирми на газди блиски до Заеви

Пожарот кој вчера го зафати државниот инспекторат за животна средина сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Тој праша што содржеле тие документи кои што изгореле и колкава е и каква е штетата на изгорените документи и изгорениот материјал во овој инспекторат?

Арсовски, исто така, јавно праша каков тип на документи изгореле и зошто институциите, Владата и државниот инспекторат за животна средина уште молчат за овој пожар.

„Зошто се уште не е излезен официјален записник во медиумите со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени? Еве јавно прашуваме, потенцирам јавно прашуваме, би ги повикал тука и медиумите да го истражат случајот, дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција? Со истите проекти според нашите информации, еве јавно прашуваме дали располагале лица кои што се членови на СДСМ“, рече Арсовски.

Тој кажа дека и за пожарот во министерството за правда никој не излегол со заклучок каква штета и каква документација била изгорена.

„И никој, ама баш никој не понесе никаква одговорност за пожарот што се случи најпрвин во министерството за правда, а веруваме дека ќе биде исто така и сега. Секогаш кога СДСМ е на власт, гори документација која што укажува на криминал“, рече Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонски деца пушат уште од 10-годишна возраст

Македонското знаме не е подлога за протокол – туку симбол за кој се умира

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги