Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Преку парите од струјата се богатат фирми на газди блиски до Заеви

(Видео) Арсовски: Преку парите од струјата се богатат фирми на газди блиски до Заеви

Покачувањето на струјата е директен удар врз граѓаните на Република Македонија кои повторно се изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ кои пак претходно им гарантираа на граѓаните дека нема никакви шанси да се покачи цената на струјата, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој покрена сомнежои дека зад покачувањето на цената на струјата отворено стојат бизнис интереси на семејството Заеви.

„Државната компанија ЕСМ, како производител на струја продава 100% од своето производство на универзалниот снабдувач со електрична енергија, наместо 75% како што тоа е регулирано со закон, и со тоа свесно губи профит на сметка на универзалниот снабдувач, кој пак е приватна компанија. Па така на универзалниот снабдувач му се овозможува висок профит и поголема заработувачка. Индициите за злоупотреби се во договорите склучувани од страна на универзалниот снабдувач со приватни компании, кои испумпуваат големи суми на пари. А, тие компании имаме реална причина да веруваме и да се сомневаме дека се тесно поврзани со семејството Заеви“, објасни Арсовски.

Тој нагласи дека компанијата која е универзален снабдувач склучила договор за обезбедување со агенција, чиј сопственик е од Струмица.

„Истите сопственици на оваа агенција за обезбедување преку семејството партиципираат и во бизнисот со марихуана, бизнис кој им беше дадена лиценца директно од Владата на Зоран Заев и СДСМ. Дали на универзалниот снабдувач му се дава висок профит, за преку приватни компании кои влечат корени од Струмица, истите пари да се вадат на приватни сметки и да се слеваат во семејството Заеви“, запраша портпраолот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека агенцијата за обезбедување, чиј газда е од Струмица, со универзалниот снабдувач на електрична енергија склучила договори вредни близу 17 милиони евра.

„Само за обезбедување оваа струмичка компанија земала околу 17 милиони евра од универзалниот снабдувач, према кој граѓаните плаќаат повисока цена на струја, благодарение на СДСМ и Заеви. Има вкупно четири договори, во висина од милијарда 27 милиони 482 илјади денари или близу 17 милиони евра, пари кои одат од граѓаните кои плаќаат струја“, кажа Арсовски и запраша дали заради ова сега СДСМ преку РКЕ побара поскапување на цената на струјата и дали овие пари биле употребени, во како што рече, масовниот поткуп на граѓани извршен од Зоран Заев и СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско