Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Арсовски: Надлежните молчат иако Бочварски на семејна фирма ѝ делел милиони од буџетот

(Видео) Арсовски: Надлежните молчат иако Бочварски на семејна фирма ѝ делел милиони од буџетот
Img 7972

После молкот на надлежните институции за скандалот во кој што Општина Штип доделува милионски тендер на семејната фирма на Бочварски може да се каже дека борбата против корупцијата во Република Македонија практично и не постои, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Џабе министер за борба против корупција, џабе декларативни изјави, џабе флоскули. Надлежните институции сакаат да го забошотат и прикријат случајот, кој е школски пример за корупција и злоупотреба на службена должност. Очигледно само власта не сака тоа да го види“, истакна Арсовски.

Тој јавно ја повика Антикорупциската комисија да го истражи случајот.

„Доста молчат, доволно е. Тие антикорупционери кои што седат во фотелји во институцијата, не се само таму за да седат на државен трошок и претседателката на Антикорупциската комисија не е таму за да биде платена од народните пари за да ги штити СДСМ и Владата, туку треба да иницираат случаи и да работат“, нагласи партискиот портпарол.

Воедно и го објасни случајот во кој Општина Штип наводно доделила милионски тендер на фирмата „Де Лукс“ ДОО од Штип во сопственост на Владимир и Венцислав Бочварски, чичко и татко на Благој Бочварски само еден ден откако овој истиот е преименуван од градоначалник во министер за транспорт и врски.

„Целата тендерска постапка се одвивала додека Благој Бочварски е градоначалник на Штип, а еден ден откако е именуван за министер, на 1 септември, се објавува неговата семејна фирма како добитник на тендерот“, рече Арсовски додавајќи дека станува збор за класичен пример за злоупотреба на службена должност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка