Мухамед Зекири во четири очи, без тендер во коруптивен договор со хрватските државјани за милион евра правел фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Македонски Пошти, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Станува збор за компанија која едвај врзува крај со крај и која нема пари да исплати плати на вработените. Замислете овие милион евра да биле инвестирани во Македонски Пошти, наместо во џебот на Мухамед Зеќири и СДСМ, оваа институција и вработените ќе процветале“, посочи партискиот портпарол.
За Мухамед Зеќири кажа дека е човек за кој чаршијата говори дека е вмешан и во безброј нелегални операции.
„Но, за тоа треба да истражи обвинителството и да докаже дали е тоа така. Ова милионско крадење на Зекири, исто како и Рашковски не го правел сам на своја рака. Зад ова стои нивниот лоповски гуру и затоа мора да се прошири истрагата. Сите знаете кој е тој лоповски гуру.
Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а тој да не знае со години? Или пак да преформулирам, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?“, запраша Арсовски.
Рече дека за ова мора да се огласат јавно институциите, со цел не само еден човек одговара, туку да одговараат сите вмешани во целиот случај.