Адвокатурата излезе најисплатлива професија во СДСМ. После адвокатското друштво Калеска – Ванчева кое инкасирало 55.000 евра од адвокатски услуги, сега го имаме и вториот адвокат кој што со лесни пари од СДСМ ги заработи без многу да се помачи, а од пред еден месец стана и втор човек во партијата на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, од адвокатски услуги од 2019-тата до 2021 година има инкасирано над 30.000 евра и тоа само од 3 општини со кои раководеле кадри на СДСМ.
Општина Неготино, општина Пробиштип и Градот Скопје, додека биле под водство на СДСМ, за само 2 години му овозможиле и му дозволиле на генералниот секретар кој што е во моментов на СДСМ, Миле Зечевиќ како адвокат да инкасира над 30.000 евра. Само од три општини заработил толку. Кој ли знае уште колку пари земало неговото адвокатско друштво од други институции и јавни претпријатија? Дали има еден просечен адвокат во Република Македонија без партиски повластувања кој заработува вакви лесни пари како што заработиле Миле Зечевиќ и Калеска – Ванчева?
И кога ќе размислите вака, зошто не прекинува и се шири грабањето на државните пари од сите ешалони на СДСМ, функционерски ешалони, одговорот е многу јасен, го гледаат врвот и продолжуваат надолу сите останати“ рече Арсовски.
И за тоа, според него, секојдневно има афера до афера, која што, како што вели, за жал не завршува кон граѓаните оправдано, затоа што оваа власт ги има правосудните органи под себе.
СДСМ и нивните функционери како Зечевиќ, Калеска – Ванчева и останатите, ги интересира власта единствено за личен бенефит, порача Арсовски.