Утрински Весник
Спорт

Барселона го потврди трансферот на Обамејанг

Барселона го потврди трансферот на Обамејанг

Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот, во неделата вечерта се договори со Барселона, два дена подоцна клубот објави дека тој потпишал договор до јуни 2025 година.

Обамејанг, спогодбено го раскина договорот со Арсенал и како слободен играч се пресели на „Ноу Камп“.

Двете страни договориле соработка до јуни 2025 година. Во договорот постјат клаузули дека тој може пред време да ја раскине соработката по завршувањето на сезоната 2022/2023, но и дека ќе биде слободен доколку некој за него плати 100.000.000 евра.

Обамејанг нема одиграно натпревар од 6.декември.нПоради недисциплина му беше одземена капитенската лената, а потоа менаџерот Микел Артета го исфрли од тимот.

Во јануари 2018 година за сума од 64.000.000 евра, Обамејанг од Борусија Дортмунд се пресели во Арсенал.

> Барселона го потврди трансферот на Обамејанг <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија