Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Заев по секоја цена сака да се изгласа Законот за марихуана

(Видео) Арсовски: Заев по секоја цена сака да се изгласа Законот за марихуана

Зоран Заев свесен дека ја губи власта и дека ќе биде сменет, повторно почна со личните фамилијарни агенди на нарко-картелот Заеви, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според него, премиерот веќе и самиот е убеден дека неговата партија ќе ги изгуби локалните избори, па сега по секоја цена со европско знаменце сака во Собранието да го изгласа Законот за марихуана.

„Предложен пред само неколку дена од страна на Владата, нормално од најверниот претставик кој го брани до крај криминалот на Зоран Заев и власта, Венко Филипче, како ресорен министер на министерството за здравство.

По ниту едно поглавје, по ниту еден критериум и интерес на европското семејство и ЕУ не може да се стави овој закон за марихуана или канабис да биде изгласан со европско знаменце.

Тоа е закон кој е единствено од интерес на нарко-мафијата, односно на картелот Заеви кои ја предводат таа мафија.

Тоа е закон кој треба да го легализира она за кое што е уапсен шоферот на Трајче Заев и командирот на прилепската полиција, кои беа уапсени за шверц на марихуана. Овој закон треба да го легализира тоа и овие луѓе да бидат на слобода“, посочи Арсовски и порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане одлучна до крај и нема да прифати овој закон кој е само инструмент за лично богатење на Зоран Заев.

Можете да прочитате

Случајот „Демир Хисар“ ја отвори дилемата – закон за сите или само за послабите?

Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година – вториот круг на 2 ноември

Гаши потпиша: Локалните избори ќе бидат на 19 октомври