Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Заев назначил нови советници

(Видео) Арсовски: Заев назначил нови советници

Зоран Заев и СДСМ дрско им се смеат на граѓаните во лице. Празнициве Заеви додека јадеа во златни лажици и виљушки по дома, Зоран Заев успеал да го зголеми бројот на лични советници во Влада и да назначи плус нови од тие што веќе ги имаше, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Едноставно се назначени како награда за да земаат дебели плати од приближно 1.000 евра месечно платени од граѓаните. Овие 29 советници, новоназначени шест, кои го советуваат Заев се само непотребен трошок на грбот на граѓаните. Овие 29 квази советници, за кои не знаеме ниту еден паметен совет што му го дале досега на Заев, оние што претходно беа, нормално, годишно граѓаните ги чинат 320.000 евра, а вкупно со надворешните соработници кои што исто така се платени од Владата граѓаните ги чинат 400.000 евра годишно само за советниците на Зоран Заев“, рече тој.

Арсовски кажа дека пред неколку месеци била објавена листата на советници и сите заедно чинеле 240.000 евра, а сега сумата се зголемила прилично многу.

„Лица кои не се прославија на министерски и директорски функции изминативе 4 години, Зоран Заев ги назначува за свои советници од едноставна причина да купи мир со парите на граѓаните. Факт е дека ниту поранешните министри Едмонд Адеми и Аксел Ахмедовски, ниту пак Љубе Бошковски, ниту пак поранешните директори од храна и ветеринарство и од Македонски шуми немаа до сега никаков успех на своите позиции, а нема да имаат ниту сега како советници, бидејќи да знаеле и да имале познавања за своите функции веќе ќе го применеле на министерските и директорските позиции“, рече Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско