Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Дали Ден Дончев и Драги Драшковски не се прв ешалон?

(Видео) Арсовски: Дали Ден Дончев и Драги Драшковски не се прв ешалон?

Криминалот и корупцијата се во првиот ешалон и првиот ешалон на Владата се тие што треба да одговараат за целиот криминал и корупција и да одат во затвор. Криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев, истакна денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Стејт Департментот нотира висока корупција во Владата, а пак Зоран Заев негира. Отсуството на срам и на недоведноста кај премиерот е доволен показател дека имаат забегано како Влада и партија и се препуштени единствено на криминал и корупција. Очигледно за Заев не е прв ешалон Ден Дончев кој го видовме како зема неколку пачки со пари како транша за рекет и тоа на видело, јавно, целата јавност го виде. Зоран Заев негира. Очигледно за Заев не е прв ешалон Драги Рашковски со набавката на софтвери или пак Петре Шилегов со набавката на противпожарната скала која беше платена двојно повеќе од вредноста која што ја плаќале другите општини низ Европа“, спомена Арсовски.

„За Заев не е прв ешалон ниту криминалот на Боро Малборо, кој како градоначалник беше фатен како се пука со полицајци, и како шверца цигари. А, не е ниту криминал ова што се случи со СЈО, со рекетирањето, или пак она што се случува со нарачките од ЈО и пресудите на судот. Одамна е јасно во Република Македонија дека корупцијата го зазема првото место за ширење во Владината програма. Одамна е јасно дека како таргет на власта се единствено луѓе кои се нивни критичари, а не оние кои навистина сториле криминал“, вели Арсовски.

Неговата оценка е дека државата е црна дупка во Европа, само затоа што, како што вели, оваа Влада е една од најкриминалните влади во светот.

Третиот ешалон е тој што ќе му пресуди на Зоран Заев, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме