Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Велимир Смилевски кој не живее во Бутел и излажа сѐ што вети нема право да бара повторен мандат

(Видео) Арсовски: Велимир Смилевски кој не живее во Бутел и излажа сѐ што вети нема право да бара повторен мандат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција реагираше на предлогот на СДСМ за градоначалник на Бутел.

„Зоран Заев и СДСМ во општина Бутел го кандидираа најлошиот нивни избор. Велимир Смилевски е човекот кој четири години буквално ги преспа како градоначалник во општината. Со каков образ пак ќе бара мандат од бутелчани? Се што ветија Велимир Смилевски и Зоран Заев во 2017 година се излажаа на најдрзок начин и од целата програма која што ја ветија не исполнија ниту 1% од ветеното. Значи 0% реализација на она што го ветија во 2017 година. Четири години фрлени во вода без никаков напредок. Срамота“, рече Арсовски.

Според него, Бутел и ден денес нема поликлиника, нема пожарна, нема модерен пазар, нема 2 градинки, кои како што рече,беа ветени вети, нема школо во Визбегово, љуботенчани сеуште немаат водовод во 21 век, од гасификацијата која ја ветија нема ништо, плоштадот кој беше ветен во Бутел го нема, а спортскиот комплекс кој беше огромно предизборно ветување, го нема никаде, рече Арсовски.

„На сите им е јасно дека ова не е реализирано само и единствено заради неспособноста на Велимир Смилевски, и Зоран Заев и СДСМ но и уште неколку други работи кои што ги знаат многу добро Бутелчани. На пример, цел Бутел знае дека Велимир Смилевски не живее во Бутел. Живее во друга општина. Сите знаат дека на Велимир Смилевски наместо паметот да му е во реализација на она што го ветувал и во проектите, да го подобри животот на граѓаните, паметот му беше единствено во дружба со бандити и мафијаши кои на снимки со негови блиски мафтаат со оружје, за да денес Бутел биде најнебезбедната општина каде што се пукаат и бодат на секој чекор“, истакна Арсовски.

Додаде дека наместо реализација на проектите, Велимир се фокусирал да биде, како што вели Арсовски, рекордер во привремени вработувања во цела држава, каде што според кажувањата на Арсовски, потрошил над 2 милиони евра, пари на граѓаните, пари на бутелчани.

Заради овие работи, истакна Арсовски, тој не заслужува да добие уште еден мандат и доверба од граѓаните на Бутел.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено