Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Скандалозниот избор на конзули го загрозува меѓународниот имиџ на Македонија

(Видео) Андоновски: Скандалозниот избор на конзули го загрозува меѓународниот имиџ на Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со постапките за избор на македонски амбасадори, Владата на ДУИ и СДСМ го нагризува меѓународниот имиџ на Македонија. Со оваа тајна и штетна игра на Бујар Османи се уништуваат сите меѓународни позиции на државата,изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека од доаѓањето на власт, дипломатските претставништва или се оставаат празни со години, или на позиции амбасадор или конзул се поставуваат контроверзни лица, лица со проблематично минато, комплетно несоодветни кадри или синови и ќерки на провладини аналитичари.

Иако Законот за надворешни работи во членот 49 бара лицата кои се назначени за амбасадори надвор од структурата на МНР да бидат афирмирани личности во областа на надворешната политика и меѓународните односи, сепак постојат најави дека се испраќаат лица со комплетно несоодветни биографии.

ВОМРО-ДПМНЕ прашува како е можно и дали е меѓународно афирмирана 28-годишна презентерка од телевизија за да биде македонски конзул во Њујорк односно во Њу Џерси?

Аноновски истакна дека Македонија веќе 4 години е оставена без највисоки дипломатски претставници во најважните престолнини во светот – членки на Советот на безбедност, соседи од клучно значење, главни европски центри и Вашингтон.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека загрижува оваа несериозност во назначувањето. Таа ја покажува дрскоста, неразбирањето на состојбите и комплетната негрижа за македонскиот меѓународен имиџ.

Од партијата повикуваат на прекин на сите овие постапки за меѓународно оцрнување на државата. Пендаровски да не се иззема од процедурите, кога тоа политички не му одговараат.

Постапките мора да се водат принципиелно, а лицата кои ќе ја претставуваат Македонија да имаат соодветни биографии, меѓународна афирмација, чест, достоинство и углед, додаде Андоновски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности