Утрински Весник
Свет

(Видео) Американските астронаути слетаа на Земјата

(Видео) Американските астронаути слетаа на Земјата

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен слетаа во водите недалеку од брегот на Флорида.

Спасувачкиот брод „Гоу Навигатор“ овозможи истовар на екипажот. Успешното слетување значи дека Америка има целосно функционален систем за испраќање на луѓе во орбитата и назад, коментираат американските медиуми.

Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партнер, компанијата „Спејс Икс“, одлучија капсулата да слета подалеку од ураганот Исаја, кој се движи кон источниот брег на Флорида. Затоа Мексиканскиот Залив, односно западниот брег на таа сојузна држава, беше избран за слетување.

Харли и Бенкен во Вселената беа 62 дена. Двајцата астронаути заминаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) кон крајот на мај користејќи ја капсулата на приватната компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам