Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои брзаат да се вратат во земјата поради работа, пред да стапат на сила новите мерки во Грција.
На границата се околу 4.000 возила кои чекаат дури и со денови за премин. Колоната возила на преминот Какавиа е долга 20 километри, пренесуваат медиумите.
Илјадници Албанци живеат и работат во Грција, најмногу во секторот земјоделие и се подготвени да се вратат по летните одмори.
Некои возила чекаат веќе три дена и велат: „Грчки лекарски тимови работат со редуциран број на персонал“, а исто така, границата е затворена за време на ноќта.
Тие се обидуваат да ја преминат границата пред да стапат на сила новите мерки, според кои сите кои влегуваат во Грција мораат да имаат негативен тест на ковид-19, соопшти албанската полиција.
Од утре во Грција од Албанија може да влезат најмногу 750 луѓе дневно.