Утрински Весник
Свет

(Видео) Автобус падна во клисура во северна Индија, 16 загинати, меѓу кои и деца

Патнички автобус излетал од планински пат и паднал во клисура во северна Индија, при што загинале 16 лица. Меѓу загинатите се и училишни деца, изјави претставник на индиската влада.

dobivaj vesti na viber

Спасувачите ги извлекле тешко повредените од остатоците од возилото и ги пренеле во болница, јавува Еј-Би-Си.

Надлежните велат дека во автобусот имало 20 лица.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат дека спасувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните од згмечениот автобус.

Не се знае точната причина за несреќата. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење поради несреќата.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Индија поради лошо одржувани патишта и застарени возила. Секоја година, повеќе од 110.000 луѓе умираат во сообраќајни несреќи низ Индија, според податоците на полицијата.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот