Утрински Весник
Свет

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави
Dik 300x250 mk

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во ТВ емисија.

Имено, партијата наведува дека канцеларот Александар Шаленберг, како и други политичари, по учеството во хуманитарната емисија на јавниот сервис, отишле на забава.

Покрај канцеларот, во емисијата учествуваа и австрискиот претседател Александар ван дер Белен, вицеканцеларот Вернер Коглер, министерот за здравство Волфганг Микштајн, министерката за одбрана Клаудија Танер, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер, министерката за туризам Елизабет Кестингер и министерот за труд Мартин Кохер, но и лидерката на опозициската Социјалдемократска партија Памела Ренди Вагнер.

Фотографиите од телевизијата предизвикаа бројни дебати во јавноста, бидејќи покажуваат како политичарите уживаат и не носат маски и покрај карантинот и строгите мерки за обичните граѓани.

Од Партијата на слободата имаат поднесено пријава за прекршување на епидемиолошки мерки при што како доказ е приложено видео и фото материјал, пишуваат австриските медиуми.

Тужба против претседателот, канцеларот и други политичари поднел и адвокатот од Долна Австрија, Стефан Данзингер, кој моментално е во карантин поради коронавирусот.

Можете да прочитате

Полска го предупреди Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор

Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна